Окт 15, 2009

Коментари на грчките медиуми во врска со извештајот на Европската комисија

Прво решение за името на Македонија, па потоа членство во ЕУ, го коментира денеска атинскиот весник „Етнос“ извештајот на Европската комисија за напредокот на земјите кандидати за членство во Унијата.Атина смета дека решавањето на проблемот со името на Македонија е главен услов за процесот на преговори за приклучување на земјата кон ЕУ. – Решавањето на овој проблем е услов за да може Грција да се согласи со членството на Поранешната Југословенска Република Македонија во ЕУ, изјави грчкиот заменик министер за надворешни работи Димитрис Друцас, оценувајќи ја грчката позиција во спорот со Скоп…

Окт 15, 2009

Најмалку 15 мртви во напади врз полицијата во Пакистан

Најмалку 15 луѓе се убиени во два одвоени напади врз припадниците на пакистанската полиција.Пет луѓе се убиени во нападот на вооружени напаѓачи на штабот на полициската Сојузна разузнавачка агенција во Лахоре. Еден од убиените е напаѓач, а засега контрадикторни се информациите дали напаѓачите упаднале во зградата и ги држеле во заложништво полицајците.Во Лахоре во четврток е нападнато и полициското училиште, но засега нема податоци за жртви.Претходно бомбаш самоубиец активираше експлозивна направа пред полициската станица во Кохат, при што се убиени 10 луѓе, меѓу кои и неколку деца.Се претп…

Окт 14, 2009

Српската берза на продажба?

Виенската берза веќе подолго време не крие дека е заинтересирана за купување на балканските берзи, вклучително и на Белградската берза.Ова го изјави директорката на Белградската берза Гордана Достаниќ, најавувајќи дека наскоро би требало да дојде до директни контакти помеѓу двете финансиски институции.Достаниќ потсети дека Виенската берза веќе ги купила берзите во Љубљана и Прага, а во последните две години ја скенира работата на уште неколку други берзи.{loadposition content9}

Окт 14, 2009

За четири години во Ирак загинале најмалку 85.000 луѓе

Во Ирак во периодот од 2004 до 2008 година во бомбашки напади, убиства и судири загинаа најмалку 85.000 луѓе, соопшти ирачкото Министерство за човекови права.Во извештајот се наведуваат само смртните случаи регистрирани од Министерството за здравство. Во документот се посочува дека во тој период во Ирак повредени се 147.195 лица, но нема податоци колку од нив се цивили.Организацијата на академиците и активистите за мир „Ирак боди каунт“ тврди дека од 2003 година, од падот на режимот на Садам Хусеин до ноември 2008 година убиени се од 88.000 до 97.000 цивили{loadposition content9}

Јун 26, 2016

Шкотска става вето на “Brexit”?

Премиерката на Шкотска, Никола Стерџон денеска во интервју за BBC, изјави дека шкотскиот парламент би можел да се обиде да стави вето на “Brexit”, односно да го блокира излегувањето на Обединетото кралство од Европската унија.Стерџон вели дека е уверена дека ќе биде потребна согласноста на официјален Единбург во однос на прашањето за “Brexit”, заради што, како што изјави уште утре ќе побара од Парламентот на Шкотска да не ја даде својата законодавна согласност за излегување на Британија од Унијата. Поголемиот број од граѓаните на Шкотска гласаа против “Brexit”. Стерџон најави и дека ќе поб…

Окт 13, 2009

Рускиот претседател во Кина

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја започнува тридневната посета на Кина.Руската и кинеската страна, како што е најавено, за време на посетата на Путин ќе потпишат повеќе билатерални договори, наменети за јакнење на соработката меѓу двете земји.Најавено е потпишување на договор од областа на банкарството, а Москва и Пекинг ќе се обврзат меѓусебно да се известуваат за истрелување на балистички ракети.{loadposition content9}

Окт 13, 2009

Индија не ги дава моштите на Мајка Тереза

Индиската јавност е згрозена од барањето на Албанија за префрлање на моштите на хуманистката Мајка Тереза од Индија во Албанија.Албанската агенција Балканвеб пренесува дека индиската Влада, но и академици и претставници на Мисиите на хуманоста, го оценуваат албанското барање како срамно.Високи функционери на индиската Влада, како што пренесува истата агенција, велат дека и покрај тоа што досега не е пристигнато официјално барање, тоа ќе биде неприфатливо за Индија.Хуманитарната Мисија на Мајка Тереза во Индија наведува дека Албанија не ја прифати Мајка Тереза во времето на комунизмот и дека…

Окт 12, 2009

Вонреден состанок на министрите за здравство на ЕУ за новиот грип

Шведското претседателство свика вонреден состанок на министрите за здравство на земјите-членки на Европската унија во врска со новиот грип (Х1Н1) што денеска ќе се одржи во Луксембург. Како што се наведува во соопштението на веб-страницата на шведското претседателство со ЕУ, состанокот, со кој ќе раководи министерката за здравство на Шведска Мариа Ларсон, ќе започне со презентација на соопштението на Европската комисија под наслов „Пандемски грип (Х1Н1) 2009“. Се очекува, европските министри за здравство да разменат мислења и искуства околу борбата против новиот грип во одделните земји-член…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top