Најмалку 15 мртви во напади врз полицијата во Пакистан

Најмалку 15 луѓе се убиени во два одвоени напади врз припадниците на пакистанската полиција.

 |  Крсте Голабовски  | 
Pakistan
Пакистан

Најмалку 15 луѓе се убиени во два одвоени напади врз припадниците на пакистанската полиција.

PakistanПет луѓе се убиени во нападот на вооружени напаѓачи на штабот на полициската Сојузна разузнавачка агенција во Лахоре. Еден од убиените е напаѓач, а засега контрадикторни се информациите дали напаѓачите упаднале во зградата и ги држеле во заложништво полицајците.

Во Лахоре во четврток е нападнато и полициското училиште, но засега нема податоци за жртви.

Претходно бомбаш самоубиец активираше експлозивна направа пред полициската станица во Кохат, при што се убиени 10 луѓе, меѓу кои и неколку деца.

Се претпоставува дека овие напади се одговор на офанзивата што последните денови пакистанската војска ја спроведува против талибанците во Јужен Вазиристан.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top