Јан 4, 2010

Два силни земјотреси на соломонските острови, жртви нема

Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала во понеделник рано наутро ги погоди Соломонските острови во југозападниот дел од Пацификот, соопшти американскиот Институт за геофизика.Според првичните информации во земјотресот нема жртви, а причинета е мала материјална штета.Епицентарот на земјотресот бил под површината на морето, на длобочина од 30 километри и на околу 100 километри од градот Гизо, втор по големина на архипелагот, но предупредување за цунами не е издаденоЗемјотресот бил регистриран во 9:36 часот по локално време, а му претходен послаб потрес кој бил забележан в…

Јан 1, 2010

Шпанија го презема претседавањето со ЕУ

Шпанија со новата година го презема претседавањето со Европската унија, кое се смета за преодно, бидејќи е прво по стапувањето во сила на Лисабонскиот договор, кој донесува значителни промени во функционирањето на унијата.Високо меѓу приоритетните задачи на своето претседавање, Шпанија го постави проширувањето, при што очекува и напредок во решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција, но нема намера да се вмеша во процесот на решавање на спорот што се води во Обединетите нации.Во рамките на проширувањето Мадрид очекува завршување на претпристапните преговори со Хрватска, продолжу…

Јан 1, 2010

„Hugo Boss“ се сели на Балканов

Компанијата „Хуго Бос“ планира своето производство од САД во април да го пресели во Романија, Бугарија и Турција.Со реализирањето на планот, околу 300 работници ќе бидат отпуштени.Од германската компанија одбија да ги коментираат информациите за затворање на производството во САД, но најавија дека ќе исплатат отпремнина за оние што ќе останат без работа.“Хуго бос ќе ги исплаќа своите работници во Кливленд до затворањето на погонот во 2010 година, дури и да се намали производството во тој период. По тој датум, раководството сака во соработка со синдикатите да преговара за соодветен надоместо…

Дек 31, 2009

2010 прво доаѓа на Кирибати

Пацифичката островска држава Кирибати, во 11 часот по средноевропско време прва во светот ќе ја дочека новата 2010 година.Островот кој се наоѓа во тропскиот пацифички регион се протега на површина од 3.500.000 квадратни километри и обиколувајќи го Екваторот на исток се граничи со Интернационалната временска зона.Името го добила по главниот островски архипелаг познат како Острови Гилберт.Поранешната британска колонија, Кирибати стана независна држава во 1979 година и е членка на Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка, а во 1999 година стана и полноправна членка на Обединетите нации(ОН…

Дек 31, 2009

Како се подготви ЊУ Јорк за дочекот

Мерките за безбедност на новогодишната ноќ во Њујорк ќе бидат зајакнати, но традиционалното спуштање на кристалната топка на Тајмс сквер и фрлањето конфети остануваат.Ранците и алкохолот на плоштадот ќе бидат забранети. За таа намена ќе бидат мобилизирани униформирани и полицајци во цивилка, екипи за откривање на радиоактивни и биолошки материјали, ќе има и камери за набљудување.- Целосно ќе ги распоредиме ресурсите, изјави началникот на њујоршката полиција Рејмнонд Кели, според кој Њујорк е цел број еден за терористите во САД.Засега нема информација за конкретна закана, но празничниот наст…

Јул 16, 2016

Војна на улиците во Турција, неуспешен обид за државен удар

Тенковите излегоа на улиците на Истанбул и Анкара, а спрема одредени медиуми е отворен и оган на цивили по улиците на повеќе локации. Спрема непотврдени информации, пукано е на луѓе кои се одзвале на повикот на претседателот Ердоган и излегле на мостот на Босфор во Истанбул. Од канцеларијата на обвинителството се наведува дека најмалку 42 лица се убиени за време на ноќта. Турските медиуми јавуваат дека на улиците се слушало пукање, дека биле блокирани мостовите, како и тоа дека владее апсолутен хаос. До пукање дошло и на плоштадот Таксим околу три часот по полноќ, а во него учествувале во…

Дек 30, 2009

Убиени 76 новинари во 2009 година

Војните и оспоруваните избори се најопасните настани за новинарите. Во 2009 година биле убиени 76 новинари, што е за 76 отсто повеќе од 2008 година, објави медиумската организација „Репортери без граници“ во својот годишен извештај.Во 2009 година исто така е регистриран најголемиот број киднапирани новинари – 33 наспроти 29 отсто во 2008 година. Нападнати или оние на кои им бил загрозен животот биле 1.456 новинари, за разлика од 929 минатата година. Се зголемиле и репресиите врз блогерите – 151 во споредва со 59 случаи во 2008 година.Бројот на земјите, каде што е наложена цензура на Интерне…

Дек 30, 2009

Нивото на Атлантскиот Океан се зголемува побрзо од очекуваното

Нивото на Атлантскиот Океан по источното крајбрежје на САД се зголемува побрзо отколку што претпоставувале научниците. Тоа се вели во извештај на научнции од Универзитетот во Пенсилванија публикуван во списанието Џеолоџи. Најбрзо се зголемува нивото на океанот по брегот на државата Њу Џерси. Според експертите во 20 век нивото на водата по источното крајбрежје се зголемило трипати побрзо отколку во изминатите 4.000 години. Причина не е само глобалното загревање и топењето на ледената покривка на половите, туку и промената на релјефот на океанското дно.{loadposition content9}
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top