Како се подготви ЊУ Јорк за дочекот

Мерките за безбедност на новогодишната ноќ во Њујорк ќе бидат зајакнати, но традиционалното спуштање на кристалната топка на Тајмс сквер и фрлањето конфети остануваат.

 |  Голабовски Крсте  | 
NYC
NYC

Мерките за безбедност на новогодишната ноќ во Њујорк ќе бидат зајакнати, но традиционалното спуштање на кристалната топка на Тајмс сквер и фрлањето конфети остануваат.

NYCРанците и алкохолот на плоштадот ќе бидат забранети. За таа намена ќе бидат мобилизирани униформирани и полицајци во цивилка, екипи за откривање на радиоактивни и биолошки материјали, ќе има и камери за набљудување.

– Целосно ќе ги распоредиме ресурсите, изјави началникот на њујоршката полиција Рејмнонд Кели, според кој Њујорк е цел број еден за терористите во САД.
Засега нема информација за конкретна закана, но празничниот настан ќе се одржи само неколку дена откако Нигериец направи обид за напад во авион на американската авиокомпанија „Нортвест ерлајнс“ при лет од Амстердам до Детроит.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top