Јул 17, 2016

Турција: бројни апсења и состојбата далеку од нормална

“Состојбата е во потполност под контрола”, изјавил вчера турскиот премиер Бинали Јилдирим, ден по конфликтите во Анкара и Истанбул помеѓу побунетата војска и жителите кои излегоа на улица. Билансот на конфликтот е тежок: 161 лице загина и 1.440 се ранети помеѓу силите верни на Ердоган и цивилите, рекол премиерот, додека спрема податоците на шефот на армијата убиени се 104 лица од редовите на побунетите војници. Знак дека состојбата е далеку од нормална се затворените приоди кон базата Инџирлик, објавија САД кои поради ситуацијата ги одложија воздушните операции против Исламска држава во С…

Јан 15, 2010

Црна Гора и Косово официјално воспоставија дипломатски односи

Црна Гора и Косово во петок воспоставија дипломатски односи со размена на писма на министрите за надворешни работи Милан Рочен и Скендер Хисени, соопшти црногорската влада.Шефот на црногорската дипломатија во писмото до косовскиот колега изразил очекување дека положбата на црногорската заедница на Косово ќе биде трајно решена.„Ова ќе придонесе за подобра меѓусебна доверба и традиционална почит која ја негуваат нашите пријателски народи во интерес на заедничките добра и јакнењето на регионалната стабилност и брзите достигнувања на заедничките европски и евроатлански цели“ се наведува во писм…

Јан 15, 2010

268.5 милиони долари помош за Хаити

Вкупно 268,5 милиони долари како итна првична помош за Хаити досега ветиле повеќе влади и компании, објавија во петокот Обединетите нации.Ова ветување пристигна пред повикот за итно собирање на средства за помош на  карипската земја,  која е речиси уништена  од силниот земјотрес кој се случи пред два дена.Најголеми донатори се САД и Светската банка кои ќе испратат по 100 милиони долари. По нив следуваат Велика Британија која ќе помогне со 10 милиони долари, по што следат Бразил, Канада, Европската унија, Шведска, Данска, Холандија, Кина, Шпанија, Германија и многу други држави .Од Обединети…

Јан 14, 2010

100 милиони долари од Светска банка помош за Хаити

Светската банка  одобри 100 милиони долари итен заем за поддршка и обнова на најсиромашната карибска држава.”Ова е шокантно, меѓународната заедница го поддржува Хаити во овие тешки моменти”, изјави претседателот на светската банка Роберт Зелик.Светската банка испрати тим на Хаити, кој ќе соработува со владата и меѓународните партнери кои треба да ја проценат штетата од земјотресот во кој загинаа 100.000 луѓе.Американскиот претседател Барак Обама најави брзо координирање и зголемени напори за спасување на жртвите, како и вклучување на екипите за трагање и спасување. САД, исто така, во Хаити …

Јан 14, 2010

Жителите на Хаити во паника поради опасност од цунами

Илјадници преживеани на Хаити во текот на ноќта панично се искачуваа на повисоките населби во главниот град, поради гласините дека цунами ќе го погоди островот по разорниот земјотрес.Луѓето пеш или со своите автомобили се упатија кон населбата Кенскоф, на брдото Петионвила.Носејќи го најнеопходното со себе, жителите на разурнатиот град Порт о Пренс се пробиваа низ тесните улици само за да стигнат до населбите што се наоѓаат на повисоките делови.Иако немаше ниту еден доказ дека цунами ќе го погоди главниот град, луѓето поради гласините  се искачуваа на повисоко за да се спасат, јавија очевид…

Фев 26, 2022

Напад врз станбена зграда во Киев

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба објави фотографија на Твитер на која се гледа оштетување на станбена зграда во Киев од руски ракетен напад. „Киев, нашиот прекрасен, мирен град, преживеа уште една ноќ под напади на руските копнени сили, проектили. Еден од нив удрил во станбен блок во Киев. Барам од светот: целосно да ја изолирате Русија, да ги протерате амбасадорите, ембарго на нафтата, уништете ја нејзината економија. Стоп за руските воени злосторници!“ Подоцна се појави видео на кое се гледа руски ракетен напад врз станбениот блок. Никој не е убиен во ракетни…

Јан 7, 2010

Судскиот процес против Ширак продолжува во ноември

Процесот против бившиот претседател на Франција Жак Ширак, осомничен за присвојување државни средства во времето кога бил градоначалник на Париз, ќе продолжи во ноември 2010. година.Ширак е обвинет„ „за присвојување на државни средства“ и „злоупотреба на положбата“, за што може да биде осуден на 10 години затвор и казна од 150.000 евра.Обвинението го товари дека додека бил градоначалник на Париз во периодот од 1977-1995. година присвоил средства со помош на фиктивни работни места.Обвинението беше подигнато по симнувањето на претседателскиот имунитет во 2007. година. Ширак е првиот бивш прет…

Јан 7, 2010

„Нисан“ атакува на индискиот пазар

Компанијата „Нисан мотор“ планира да презентира гама од девет автомобили, предвидени за индискиот пазар.Според најавите, пет од овие модели ќе бидат произведени во Индија. Во 2009. година компанијата продала само 400 автомобили во земјата.Сега, главна цел на „Нисан“ е да заземе поголем дел од индискиот автомобилски пазар, откако во мај ќе започне со производство на сопствени автомобили во индискиот град Мадрас. {loadposition content9}
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top