Италијанската министерка за туризам од Епл бара итно од Ајтјунс да отстранат туристичката апликација во која Италија е опишана како земја на пицата, скутерите и мафијата.За Михаела Виториа Брамбила, апликацијата за Ајфон, Ајпад и Ајпод, во која покрај краткиот опис има и фотографија со знак на кој пишува “Паркинг само за мафијата. Со другите ќе се справиме” е навредлива и неприфатлива.”Италија во светот е позната поради културата, историјата и стилот. Не можам да дозволам нашата земја да биде дискредитирана со тоа што ќе биде претставена како криминална организација. Затоа од Епл побарав да…
Деценискиот лов на научниците од универзитетот во Калифорнија конечно резултираше со откривање на планетата наречена Gliese 581g, лоцирана во “Голдилокс зоната” во која условите не се ни премногу жешки ни премногу студени за течната вода да формира океани, езера и реки.“Нашето откритие нуди неспорен доказ за планета со потенцијални услови за живот. Фактот што можевме да ја откриеме толку бргу и толку блиску, укажува на тоа дека планетите како неа мора да се навистина чести. Ако детектираме живот, ова ќе биде најзначајното откритие на сите времиња”, објаснува астрономот Стивен Вогт.Доколку с…
Ал Каеда планирала грабнување на заложници низ повеќе градови на Западна Европа и нивно егзекутирање на начин сличен на нападите во Мумбаи, стои во извештаите на западните разузнавачки агенции, објавени само еден ден по евакуирањето на Ајфеловата кула.Планот предвидувал организирање на мали, добро вооружени тимови на командоси, составени од џихадисти, кои симултано би нападнале цели во Лондон и други градови низ Европа.Еден од најсериозните планови на Ал Каеда во изминатите неколку години бил организиран од водството на организацијата, кое се претпоставува дека моментално се крие во племенс…
Малезијската астрофизичарка Мазлан Отман ќе стане првата претставничка на ОН за вселената.Нејзина задача ќе биде да ја координира комуникацијата на Земјаните со вонземјаните во случај да дојде до остварување на близок контакт.Со други зборови, кога би се спуштил на Земјата вонземјанин и би побарал контакт со официјален претставник, тогаш тоа би била Отман. Потребата за назначување на вакво лице се појави по неодамнешното откривање на стотина планети кои кружат околу ѕвездите со што се зголеми веројатноста за појавување на други форми на живот.{loadposition content9}
Во Србија, според Законот кој стапи во сила на почетокот на оваа година, забрането е убивање на мравки, бубамари и глувци, за што е предвидена казна до десет илјади евра или до три години затвор. Согласно Законот за заштита на животната средина, односно правилникот со кој одредени видови животни се заштитени во Србија, од почетокот на оваа година казниво е убивањето, но и одгледувањето на мочуришни полжави, крастави жаби и медицински пијавици.Татјана Бабиќ, шеф на одделението на инспекцијата за заштита на животната средина на прашањето дали е казниво да се убие бубамара, глушец или мравка, …
Северна Кореја потврди дека извршила нуклеарна проба. Атомскиот тест е „успешен“, јави државната телевизија. Армијата на Јужна Кореја зборува за досега најсилна експлозија при нуклеарен тест на соседот. Нуклеарната проба на Северна Кореја е петта по ред и мина „успешно“, јави јужнокорејската агенција Јонхап, повикувајќи се на севернокорејски државни медиуми. Како што се вели, во текот на тестот експлодирала „нова атомска боева глава“. Нуклеарната проба, според севернокорјеската државна агенција КЦНА, е доказ дека Северна Кореја е во состојба да монтира атомска боева глава на носачи на ракет…
Компјутерски црв ја нападна иранската нуклеарна агенција и ги заразил индустриските постројки, а способен е и да преземе контрола врз електричните централи, јавуваат иранските медиуми, пренесува Асошиејтед пресСпоред иранската агенција ИСНА, иранските научници се сретнале неделава за да изнајдат начин како да се справат со злобната компјутерска шифра, наречена „Стакснет“, која може да ја преземе контролата врз системите за контрола на работата на индустриските постројки.Првпат црвот беше откриен од германските експерти во јули. Од тогаш, забележани се напади во Иран, Индонезија, Индија и С…
Британската кралица Елизабета II се обидела да ги искористи парите од државниот фонд наменет за сиромашните за да ги плати сметките за греење на Бакингемската палата, пишува весникот „Индипендент“.Весникот врз основа на Законот за достапност на информациите добил документ кој покажува дека претставниците на кралицата побарале од британската влада парична помош за трошоците за греење.Владата одбила да издвои пари од Фондот што е наменет за помош во греење на семејствата со ниски примања и на јавните установи како што се училиштата и болниците. Во одговорот што е проследен до претставницит…