Јун 24, 2011

Тимошенко може да добие 10 години затворска казна

Против поранешниот украински премиер и еден од лидерите на Портокаловата револуција од 2004 година Јулија Тимошенко денес во Киев започна судкиот процес за злоупотреба на власта, соопштија агенциите.Доколку биде прогласена за виновна по обвиненијата за злоупотреба на власта при потпишувањето на гасниот договор со Русија во текот на 2009 година, Тимошенко, наречена „гасната принцеза“, може да добие казна од 10 години затвор.Обвинителството тврди дека махинациите на Тимошенко при потпишувањето на гасната спогодба со Русија во 2009 година, сметана за крајно неповолна за Украина, ја оштетиле др…

Јун 23, 2011

Украдениот накит на Ева Перон најден кај криминалци од Србија

Накитот на поранешната аргентинска прва дама, Ева Перон, вреден шест милиони евра, кој пред две години беше украден во Шпанија, е пронајден во соба во луксузен хотел во Милано, изнајмена од група криминалци од Србија, соопшти синоќа италијанската полиција.“Лицата кои ја изнајмиле собата во која е пронајден накитот се во бегство и тие се припадници на криминална група од Србија која живеела во близина на Милано“, изјавил полицаецот Антонио Болоњани.Маскирани како шеици и инвеститори од Блискиот Исток, крадците го убедиле сопственикот на златарата “Хојас Софија“ во Валенсија да им ја продаде …

Јун 18, 2011

ОН усвои историска резолуција за правата на хомосексуалците

Советот за човекови права на Обединетите нации денеска усвои Резолуција со која се истакнува правото на еднаквост на сите луѓе независно од нивната сексуална определба. Резолуцијата, која беше предложена од Jужноафриканската Република, е усвоена со 23 гласа „за“, 19 „против“ и три „воздржани“.Оваа Резолуција, која предизвика бурни дебати, е оценета како историска од причина што за прв пат едно тело на ОН усвојува официјален документ за правата на хомосексуалците.Во документот се нагласува дека „сите човечки суштества се родени слободни и еднакви во однос на нивното достоинство и нивните пра…

Јун 18, 2011

Франција: Ризик од масовни самоубиства на 21 декември 2012 година

Во соопштение на специјалните служби, француската влада предупредила дека во земјата е присутен ризик од масовни самоубиства на луѓе кои веруваат дека на 21 декември наредната година навистина ќе се случи крај на светот. Неодамнешната катастрофа вклучувајќи го земјотресот во Јапонија како и вознемиреноста заради епидемии и економската криза, предизвикуваат глобална атмосфера на страв, при што некои во тоа гледаат најава за судниот ден. Верувањето во пророштвото на Маите по кое времето на светот истекува наредната година изгледа дека најмногу е прифатено во Франција, а во извештаите на една …

Јун 17, 2011

Хрватски научници тврдат дека имаат лек за ешерихија коли

Научници од сплитскиот Природно-математички факултет открија иновативен антибиотик кој убива бактерии со поинаква метода од класичните антибиотици и покажува одлична ефикасност против ешерихија коли.Професорот Давор Јуретиќ, Дамир Вукучевиќ и Алесандар Тоси од Трст го создадоа адепантин, лек кој има потенцијал за лекување засега неизлечиви и смртоносни бактериски инфекции со многу ниеска токсичност за човековите крвни клетки, јави ХРТ.Јуретиќ тврди дека нивното откритие одекнало во научната заедница. Од бактеријата ешерихија коли досега во Европа животот го загубија 38 луѓе од кои 37 во Гер…

Јун 16, 2011

Потпретседателката на ЕП докторирала со плагијат

Универзитетот Хајделберг и ја одзеде докторската титула на поранешната потпретседателка на Европскиот парламент, германската либералка Силвана Кох-Мерин, затоа што е утврдено дека нејзиниот труд, во суштинските делови, се состои од плагијати.Комисијата на Универзитетот Хајделберг утврди дека во трудот на Кох-Мерин кој содржи околу 80 страници има повеќе од 120 места кои се дефинираат како плагијат.Плагијатите потекнуваат од околу 30 публикации од кои две третини воопшто не се наведени.Кох-Мерин докторира во 2000 година. Таа од истите причини како и поранешниот министер за одбрана Карл Теодо…

Ное 3, 2016

Нов земјотрес во централна Италија

Ноќеска во 1.З5 часот земјотрес со магнитуда од 5,0 степени повторно ја погоди централна Италија, а епицентарот бил на околу 51,5 километри југоисточно од Перуѓа. Потресот бил на длабочина од само 10 километри што допринесол на зголемено тресење на површината. Потрес со магнитуда од 5,0 степени се смета за умерен, но може да предизвика значителни оштетувања, особено на градбите со полош квалитет. Земјотреси со магнитуда од 5,5 и 6,1 го погодија истото подрачје на 26 октомври, а во неделата беше измерено тресење од 6,6 степени. Засега не се познати размерите на штета кои ги предизвикал ово…

Јун 15, 2011

Норвешка ќе „увезува“ работници од странство

Норвешкото Статистичко централно биро (ССБ) проценува дека до 2014 година во Норвешка ќе бидат отворени 220.000 нови работни места, од кои поголемиот дел се очекува да бидат пополнети со работна сила од странство, пишува норвешкиот дневен весник „Афтенпостен“.- Побарувачката бележи силен раст во норвешката економија. Како приватната потрушувачка, така и инвестициите, ќе имаат силен раст, вели директорот на ССБ, Ханс Хенрик Шел.Прирастот најмногу се очекува во норвешките привтани сектори како нафтената индустрија, граджниот сектор и во хидроенергетските објекти.{loadposition content9}
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top