Руперт Мурдок јавно му се извини на британскиот народ за скандалот со прислушувањето на телефоните од страна на новинарите од неговиот весник News of the World.”Жалиме за озбилните недела кои се сторени. Особено ни е жал за она низ што минаа сите кои беа погодени од скандалот. Жалиме што не делувавме брзо за да го решиме проблемот. Јасно ми е дека извинувањето не е доволно. Нашиот бизнис беше основан на идејаta дека слободниот и отворен печат треба да биде позитивна сила во општеството. Ќе мора да го надминеме срамот”, ова е дел од текстот потпишан од Мурдок.Извинувањето го објавија двата н…
Новинар е убиен во јужно Мексико во државата Оаксака, со што бројот на убиени новинари во земјата годинава се искачи на пет, соопшти мексиканското државно обвинителство.
Локалните власти соопштија дека жртвата е Хебер Лопез, директор на веб-порталот за вести „Нотицијас“. Државното обвинителство на Оаксака соопшти дека двајцата осомничени за убиството се во притвор и дека им е одземен пиштолот.
Родолфо Кансеко Гутиерез, директор на порталот „Нотицијас“ и долгогодишен пријател на убиениот Лопез, рече дека Лопез известувал за криминалот и полицијата и дека никогаш не му кажал дека добивал …
Шефот на италијанската влада Силвио Берлускони се здобил со полесна повреда на главата откако вчеравечер паднал во када, а неговиот личен доктор Алберто Зангрило изјавил дека освен што е “уморен“, премиерот “добро се чувствува“.“Берлускони паднал во неговата када и добил полесна повреда на главата. Бил уморен, тој е секогаш многу исцрпен. Доживеал слаб потрес, но ништо сериозно“, изјавил неговиот доктор.Докторот истакнал и дека по извршените снимки, тој бил во добра состојба, односно немало ништо скршено.Тој посочил дека Берлускони веќе добил терапија, и се чувствувал подобро, по што излего…
Се со цел да се ослободи дополнителен простор за изградба на нова парламентарна зграда, одобрен е планот за уривање на Мавзолејот на поранешниот албански комунистички лидер Енвер Хоџа.Мавзолејот е изграден во 1988 година, три години по смрта на Енвер Хоџа, по повод 80-годишнината од неговото раѓање. Објектот е во форма на пирамида и една од највпечатливите градби во Тирана.Објекотот на Мавзолејот претставува Културен центар, во кој меѓу останатите, е сместена и една приватна телевизија која е критички настроена кон Владата на премиерот Сали Бериша.Одлуката за уривање на Мавзолејот ја поддрж…
Унгарскиот Парламент усвои нов данок, со кој треба да се спречи дебелеењето на населението, односно да ги натера граѓаните да водат поздрав живот.Согласно одлуката на Парламентот прекумерно солените и слатките готови производи, како и оние кои содржат премногу јагленохидрати и кофеин ќе бидат подложени на специјално оданочување, кое во Унгарија се нарекува „данок на чипс“.Во образложението на одлуката за усвојување на новиот данок Парламентот истакнува дека оваа мерка е донесена, бидејќи здравствената состојба на Унгарците е лоша. Направените студии изминативе години за начинот на исхрана н…
Џулијан Асанж, сопственикот на Интернет страницата Викиликс заедно со својот тим на адвокати пред Вишиот суд во Лондон ја започнаа правната битка против судското решение за негова екстрадиција во Шведска, каде е осомничен за силување и сексуално насилство врз две жени.Овој 40-годишен Австралијанец, настојува да се укине одлуката на судијата на судот во Белмарс, од февруари оваа година, тој да биде предаден на шведските правосудни власти на натамошно сослушување.На првото судење, судијата ги отфрли тврдењата на адвокатите на Асанџ дека осомничениот поранешен хакер во Шведска ќе се соочи со н…
Албанските власти и официјално потврдија дека во поплавите предизвикани од невремето што зафати делови на Албанија, животите ги загубиле три лица,
Загинатите се од местата Клос, Сукт и Тирана и се на возраст од 40 до 50 години.
Премиерот Еди Рама рече дека се ангажирани сите структури, вклучувајќи ја и армијата, со цел на најдобар начин да се справат со создадената ситуација.
Најпогодени од невремето се подрачјата на Драч, Тирана, Пешкопеја, Лежа и Ѓирокастро, каде под пода се над 500 хектари земјоделски површини, а поплавени се многу домови.Училиштата се затворени, а војската и службите…
Пеесеттина руски нуркачи се ангажирани во потрагата по преживеани по вчершаното потонување на бродот Бугарија во реката Волга во Татарстан, во Русија. Досега е потврдена смртта на десетина патници, додека околу сто луѓе се водат за исчезнати, а неколку десетици биле спасени. Причината за несреќата се уште не е позната. Медиумите јавуваат дека бродот Бугарија бил изграден во 1955 година во тогашна Чехословачка.Руската Република Татарстан 12 јули го прогласи за ден на жалост.{loadposition content9}