Авг 19, 2011

Се урна бина и во Белгија, 5 мртви

Најмалку 5 луѓе загинаа a над 70 се повредени по уривање на сцените на музички фестивал во Белгија, на кој требаше да настапат Foo Fighters, Eminem, The Offspring и 30 seconds to Mars.Несреќата на првиот ден од Пуккелпоп фестивалот ја предизвикало големо невреме, проследено со дожд и силен ветар. Освен сценските конструкции, се урнале и огромните видео бимови и околните дрвја. Во моментот во публиката имало 60.000 луѓе.Бурата почнала веднаш по настапот на Skunk Anansie.”Небото наеднаш потемне и почна силно да врне град. Насекаде паѓаа дрвја. Изгледаше како да доаѓа крајот на светот”, раскаж…

Ное 21, 2016

Спречен нов терористички напад во Франција

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев денеска соопшти дека француската полиција спречила планиран терористички напад во Стразбур. Уапсени се седум лица во Стразбур и Марсеј, по потекло од Франција, Мароко и Авганистан, на возраст меѓу 29 и 37 години. Апсењата се извршени во текот на изминатата ноќ. Според министерот за внатрешни работи, терористичката акција била „планирана подолго време на наша територија“. „Франција никогаш досега не се соочувала со ваква терористичка закана“, изјави Казнев. „Спречивме нов терористички напад“. Нема информации која била конкретната цел н…

Авг 18, 2011

Фустанчето со ѕвездички на министерката

Контроверзната министерка за туризам на Романија, Елена Удреа заблеска во својот фустан со ѕвездички од “Долче и Габана” и ја шокира јавноста. Таа призна дека чини повеќе од сумата која многу Романци ја заработуваат за повеќе од еден месец.Но се бранеше со тоа дека фустанот чинел помалку од 1.000 евра, цена што ја објавија медиумите. За ТВ “Б1” таа изјави дека облеката и е една од малкуте радости во животот и дека фустанот е подарок од нејзиниот сопруг бизнисмен и чини 900 евра. Новинарите побрзаа да ја растргнат министерката позната по љубовта кон скапите чанти и чевли, дека многу се расфр…

Авг 17, 2011

Две нови букви во црногорската азбука

Новата училишна година на црногорските ученици им носи и две нови букви во азбуката.Наместо досегашните 30 букви, азбуката ќе има 32 букви, а новина се шј (кое ќе се изговара како меко ш) и жј (кое ќе се изговара како меко ж).Двете нови букви ќе се користат само во учебниците од црногорскиот јазик и книжевност.Одборот за школување на српски јазик упатил повик до родителите, чии деца зборуваат српски јазик да не купуваат учебници со новите букви.- Доколку од почетокто на годината нема учебници и на српски јазик, ќе апелираме на бојкот на наставата, изјави член на Одборот.{loadposition content9}

Авг 17, 2011

Тенк за по дома

Кинезот Хао Јинџи потрошил седум месеци и 90.000 евра за изработка на копија на рускиот тенк Т62.Тенкот, што го изградил во неговата куќа, е исфарбан во маскирни бои, има реалистична цевка за истрелување проектили и дебели гасеници, а може да се движи со брзина од 16 километри на час. Неговата цевка, сепак, не истрелува приектили, туку мешавина од етан и кислород.-Огнената моќ на овој тенк не е опасна за луѓето. Тој е направен само за забава, рече Хао.Хао води компанија за производство на туристички возови. Тој сега се надева дека овие тенкови во иднина ќе бидат профитабилни. Еден е веќе пр…

Авг 15, 2011

Медиумите со претпоставки за идентитетот на Ѕверот од Будимпешта

Унгарската полиција уапси маж, за кого се сомнева дека живи закопал најмалку шест лица. “Ѕверот од Будимпешта“, како што го нарекуваат медиумите, ги ограбувал своите жртви, а потоа живи ги закопувал на остров на Дунав, во јужно предградие на главниот град на Унгарија.Претпоставките се дека тој имал уште двајца помошници, бездомници, покрај шестмината приведени соучесници. Полицијата во Будимпешта дознала за злосторствата од романски државјанин, кој успеал да преживее, да се откопа самиот, да го совлада кучето оставено да ги чува лешовите, и да побегне. Неговите напаѓачи му ја зеле кредитнат…

Авг 15, 2011

Скандал во партијата на Меркел: Политичар завел малолетничка на ФБ

Германскиот политичар Кристијан ван Бетихер ја запознал 16 годишната девојка преку Фејсбук. Биле во врска неколку месеци во 2010 година. Вели дека ја сакал. Во текот на викендов поднесе оставка.Фон Бетихер се очекувало да биде водечки кандидат на партијата на следните избори во покраината Шлезвиг Холштајн. Кога Бетихер дознал дека би можел да добие повисока функција ја прекинал врската, но откако весникот Билд објавил дека 40 годишниот политичар бил во врска со малолетна девојка, тој поднел оставка на функцијата претседател на ЦДУ за покраината.Оставката Бетихер ја поднел вчера, и се откажа…

Авг 13, 2011

Ѕидот

Утрото на 13 август 1961 година граѓаните на источен  Берлин беа спречени да влегуваат во западниот дел на градот поради градењето на ѕидот, кој во текот на годините прерасна во 155 метарско здание.Берлинскиот ѕид беше изграден во 1961. година од комунистичкиот режим на Источна Германија за да се оддели Западен Берлин, кој беше под контрола на западните сојузници, од источниот дел на градот и од остатокот од Источна Германија, која беше под силно влијание на СССР. Ѕидот стана највпечатлив симбол на Студената војна и на Железната завеса.Ѕидот ги разделуваше Источна и Западна Германија точно …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top