Фустанчето со ѕвездички на министерката

Контроверзната министерка за туризам на Романија, Елена Удреа заблеска во својот фустан со ѕвездички од “Долче и Габана” и ја шокира јавноста.

 |  Маја Савиќ  | 
Elena Udrea
Елена Удреа

Elena UdreaКонтроверзната министерка за туризам на Романија, Елена Удреа заблеска во својот фустан со ѕвездички од “Долче и Габана” и ја шокира јавноста. Таа призна дека чини повеќе од сумата која многу Романци ја заработуваат за повеќе од еден месец.
Но се бранеше со тоа дека фустанот чинел помалку од 1.000 евра, цена што ја објавија медиумите.
За ТВ “Б1” таа изјави дека облеката и е една од малкуте радости во животот и дека фустанот е подарок од нејзиниот сопруг бизнисмен и чини 900 евра.
Новинарите побрзаа да ја растргнат министерката позната по љубовта кон скапите чанти и чевли, дека многу се расфрла со пари во период на економска криза во Романија, каде просечна месечна плата е 320 евра.
Elena UdreaУдреа е најпозната министерка во Владата и најблисок соработник на претседателот Трајан Басеску. Веќе долго време кружат гласини дека нејзината врска со претседателот е несоодветна и претседателот неодамна беше принуден да даде изјава дека не бил дома, откако Удреа беше снимена како доцна навечер влегува во претседателската палата. Нејзе, пак, изгледа како вниманието и годи .
Оваа недела на својот блог таа напиша дека заминува на фризер, за подоцна да додаде дека е разочарана што не ја следеле папараците. Во ТВ-интервју Удреа изјави дека љубовта кон облеката кај неа се јавила уште додека била мало девојче кое порасна во провинција, во сиромашно семејство. Таа ги обвини романските новинари дека се женомрасци бидејќи мажите политичари кои носат исто толку скапа облека никогаш не биле толку критикувани. Меѓутоа, таа сепак призна дека можеби згрешила што го облекла скапиот фустан.
“Да знаев дека ќе се дигне толку прашина околу мојот фустан, немаше воопшто да го облечам”, изјави таа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top