Овци во Мадрид

Здружението на шпански овчари „прошета“ 5.000 овци по улиците на Мадрид како протест за заштита на старите права на пренесување на добитокот, кои се загрозени со ширењето на урбаните средини.

 |   | 
ovci-madrid
ovci madrid

Здружението на шпански овчари „прошета“ 5.000 овци по улиците на Мадрид како протест за заштита на старите права на пренесување на добитокот, кои се загрозени со ширењето на урбаните средини.

Хесус Гарзон, претседател на Советот на овчари, тело кое постои од 1273 година, изјави дека околу 5.000 овци и 60 грла друг добиток поминале низ улиците на градот врз основа на правото на исцртаните патеки кои постоеле од времето кога Мадрид бил уште рурално селце, а не метропола каква што е денес, пренесува Daily Telegraph.
ovci-madrid
Гарзон истакнал дека, врз база на вековната традиција, главниот овчар си платил сума од 25 „мараведиси“, кованици од 11-от век, за услугите за проаѓање по патеката.

Овчарите имаат право да користат патеки подолги од 125.000 километри за сезонското преселување на овците од ладните предели, кои се користат преку летото, на пасиштата во потоплите подрачја за време на зимата.

Ова пренесување на стоката на соодветните места се нарекува „сезонско патување“ и во него во Шпанија учествуваат околу 1.000.000 животни, повеќето од нив овци.

Одредени патеки се користат повеќе од 800 години, а модерниот Мадрид се наоѓа на патот на две северно-јужни патеки, од кои едната датира од 1372 година.
ovci-madrid
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top