Отровна мувла во бебешки кашички

Производител на детска храна „Семпер“ од Швeдска, повлече од пазарот прехранбени продукти за деца, откако во нив биле откриени траги од мувлосани состојки.

 |   | 
baby
baby

Производител на детска храна „Семпер“ од Швeдска, повлече од пазарот прехранбени продукти за деца, откако во нив биле откриени траги од мувлосани состојки.

Станува збор за овошни каши од марката „Смафолк“ наменети за бебиња. Отровните состојки што се најдени во мувлата се от типот афлатоксин и предизвикуваат канцер, јави Шведското радио.

Според службата за информирање на „Семпер“ нивото на откриениот афлатоксин е нешто повисоко од пропишаното ниво со Законот за детска храна во Шведска.

smafolk kashi„Семпер“ едновремено тврди дека откриеното ниво на отровна мувла не е алармантно. Но токсикологот Лилиан Абрахамсон-Сетерберг при шведскиот Завод за прехранбени производи вели дека не постојат безопсани дози кога станува збор за присутното ниво на авлатоксин во храната. – Не, навистина нема безопасни дози, вели Лилиан Абрахамсон-Сетерберг. На прашањето зошто од страна на „Семпер“ во јавноста не е објаснето за каков вид отрови станува збор во повлечените производи од продажба, одговорните во фабриката велат дека го употребиле изразот „мувлосани состојки“.

– Мислевме дека тоа беше полесно за луѓето да го разберат, истакнува Малин Вестлинг, шеф за информирање при „Семпер“. Во „Семпер“ моментно се вршат анализи со цел точно да се утврди од каде се појавиле состојки на отровна мувла во нивните производи, кои се вбројуваат во најшироко распространетите на шведскиот пазар и скандинавскиот за детска храна.

Сопственик на „Семпер“ е „Херо“, интернационален концерн за прехранбени производи, кој има дејност во над 30 земји и тоа пред се во Европа и САД.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top