Откриена “нова Земја”?

Американските астрономи откриле планета до сега најслична на Земјата, оддалечена на само 20 светлосни години од нашиот соларен систем, со речиси иста атмосфера и гравитација, 100 процентни шасни за живот и можност за присуство на вода.

 |  Маја Савиќ  | 
zemja
земја

Деценискиот лов на научниците од универзитетот во Калифорнија конечно резултираше со откривање на планетата наречена Gliese 581g, лоцирана во “Голдилокс зоната” во која условите не се ни премногу жешки ни премногу студени за течната вода да формира океани, езера и реки.
Planeta
“Нашето откритие нуди неспорен доказ за планета со потенцијални услови за живот. Фактот што можевме да ја откриеме толку бргу и толку блиску, укажува на тоа дека планетите како неа мора да се навистина чести. Ако детектираме живот, ова ќе биде најзначајното откритие на сите времиња”, објаснува астрономот Стивен Вогт.

Доколку сето тоа биде потврдено, Gliese 581g ќе биде најсличната планета на Земјата која некогаш била откриена во некој друг соларен систем. Досега астрономите лоцирале повеќе од 400 егзопланети, но повеќето од нив биле гасовити џинови, како што е Јупитер, на кои не може да постои живот.

Откриена благодарение на В. М. Кек опсерваториумот на Хаваи, планетата кружи околу ѕвездата Gliese 581 (50 пати постудена и за две третини помала од Сонцето) во соѕвездието Вага, нејзината револуција трае само 37 дена, што значи дека годишните времиња траат само по неколку денови.

Едната нејзина страна константно е свртена кон ѕвездата и на неа секогаш е ден, додека на другата страна постојано владее мрак. Просечната температура се движи од -31 до -12 степени Целзиусови, но температурата на тлотo варира од многу жешко на светлата, до смрзнувачки на темната страна.

Има сличен геолошки состав и гравитација како Земјата, од која има од 3 до 4 пати поголема маса. Астрономите досега забележале 6 планети во орбитата на Gliese 581, што е најголем број на откриени планети во еден систем, освен нашиот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top