Главниот инспектор на Скотланд јард, Фредерик Аберлин бил убиецот Џек Мевосек, тврди шпанскиот истражувач Хозе Луис Абад чија книга „Најинтелигентниот убиец во историјата“ штотуку излезе од печат. Абад долги години се занимавал со случајот на Лондонскиот убиец, тој го споредил ракописот на инспекторот со онај од наводниот дневник на Џек Мевосек и востановил дека се работи за иста личност.
Неговата книга предизвика голем интерес во Британија. Во неа е објавена и фотографија на вработените во Скотланд Јард на која е заокружен инспекторот Аберлин.
Мистеријата стара 123 години уште побизарна ја прави фактот дека случаите со масакрираните проститутки во најсиромашниот кварт во Лондон, Вајтчапел, му биле доделени токму на Аберлин. Всушност, тој бил задолжен да ги истражува сопствените убиства.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град