Лидерот на терористичката мра „Ал Каеда“, Осама бин Ладен преку аудио порака побара од европските држави да ги повлечат своите трупи од Авганистан.
Ова синоќа го објави американскиот центар за следење на исламистичките сајтови, СИТА.
„Правдата налага да го прекинете угнетувањето и да ги повлечете своите трупи“ од Авганистан, рече Бин Ладен во пораката која што трае пет минути и е објавена на формите на движењето „Џихад“.
Тој наведува дека „интелигентен човек не ги троши своите пари и своите синови за банда криминалци во Вашингтон“ и оти е „срамно припадништвото во коалицијата чија што врховна команда намерно го бомбардира населението“.
Автентичноста на снимката си уште не е потврдена.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град