Оруженото насилство во светот зема по 2.000 жртви секој ден

Над 2.000 луѓе во светот умираат секој ден во оружено насилство, објавија во ОН 12 организации за заштита на човековите права кои ги повикаа државите-членки да почнат преговори за договор за трговијата со оружје.

 |  Крсте Голабовски  | 
oruzje
оружје

Над 2.000 луѓе во светот умираат секој ден во оружено насилство, објавија во ОН 12 организации за заштита на човековите права кои ги повикаа државите-членки да почнат преговори за договор за трговијата со оружје.
Во извештајот подготвен по барање на британската група Оксфам, се вели дека откако во 2006 година повеќето влади признале за неопходност од регулација на глобалната трговија со оружје, околу 2,1 милион луѓе загинале во оружено насилство.

oruzjeТоа значи во просек по 2.000 луѓе на ден или повеќе од еден на секоја минута. Најголемиот број жртви се цивили. Околу 700.000 биле убиени во вооружени конфликти – Авганистан, Сомалија, Судан, Шри Ланка и ДП Конго.
Првиот комитет на Генералното собрание на ОН за разоружување почна со разгледување проекции за резолуција со која ќе се обезбеди договор за регулирање на трговијата со оружје во 2012 година. Главен противник за тој договор беше владата на Буш со образложени едека националните мерки за контрола се подобри отколку меѓународен договор.
Лани, глобалната трговија со оружје била 55 милијарди долари.
Текстот на резолуцијата ќе се гласа во Првиот комитет во крајот на октомври и во Генералното собрание во декември.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top