Клаузулата во пакетот стимулативни мерки за купување американски производи може да доведе до трговска војна меѓу Европа и Америка, оцени амбасадорот на Европската унија во Вашингтон Џон Брутон.
Клаузулата во пакетот стимулативни мерки за купување американски производи може да доведе до трговска војна меѓу Европа и Америка, оцени амбасадорот на Европската унија во Вашингтон Џон Брутон.
„Загрижени сме, бидејќи економската криза го зафати целиот свет па затоа сметаме дека мерките за подобрување само на американската економија, или само на европската или кинеската, не можат да бидат успешни, истакна Брутон.
Тој објасни дека „воведувањето протекционистички мерки како што е оваа ќе го поттикне протекционизмот кај другите, како што се Кина или европските земји“, што би било штетно за сите.
Реагирајќи на изјавата на амбасадорот Брутон, американскиот претседател Барак Обама рече дека тој е против протекционизмот и оти САД ќе ги почитуваат своите меѓународни трговски обврски.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град