Опаѓа рејтингот на Саркози

Поддршката за Никола Саркози, според последната анкета, на рекордно ниско ниво.

 |   | 
Sarkozy
Саркози

SarkozyЈавната поддршка за францускиот претседател Никола Саркози достигна рекордно ниско ниво, откако судот пресуди во корист на некогашниот негов противник Доминик де Вилпен во врска со случајот за заговор за дискредитирање на францускиот претседател.

Само неколку недели пред локалните избори во март, рејтингот на Саркози се намалил до 31 процент, покажуваат резултатите од истражувањето на „Те Ен Ес Софрес“, објавени во весникот „Фигаро“.
Ова ниво е најниско откако во 2007 година Саркози стана претседател, а доаѓа по редица негови гафови и полемики.
Четириесет и четири отсто од испитаниците се изјаснија дека би сакале поранешниот министер за финансии Доминик Строс-Кан да игра посуштествена улога во иднина.
Минатата недела францускиот суд го ослободи од обвинувањата поранешниот премиер Доминик де Вилпен за т.н. случај „Клиарстрим“, во кој се товареше за обид за вовлекување на Саркози во корупциски скандал во времето кога и двајцата беа министри и имаа претензии за претседателската функција.

Оваа вест е преземена од: http://www.sitel.com.mk

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top