Оли Рен ја започнува балканската турнеја

Еврокомесарот за проширување Оли Рен денеска ја почнува турнејата по балканските држави, во рамките на која в четврток ќе ја посети Македонија.

 |  Крсте Голабовски  | 
Oli Ren
Оли Рен

Еврокомесарот за проширување Оли Рен денеска ја почнува турнејата по балканските држави, во рамките на која в четврток ќе ја посети Македонија.

EvroparlamentПовод за посетата на Рен е неодамнешната препорака на Европската комисија за укинување на визите за влез во земјите членки на шенгенскиот простор на граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора.

Еврокомесарот за проширување денеска ќе престојува во Србија и во Црна Гора.

Рен во Србија ќе разговара за продолжување на евроинтегративниот процес на државата, за односите на Србија со Европската унија и за визната либерализација.

Според најавите, Рен во Подгорица ќе му го врачи на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ прашалникот на Европската комисија, што е почеток на процедурата во која што се одлучува за прифаќање на кандидатурата за членство во ЕУ.

Власта во Подгорица во повеќе наврати посочи дека подготвено го чека прашалникот и оти на него би можеле да одговорат за четири до пет месеци.

Рен, како што е најавено, во Скопје ќе допатува во четврток. Тој ќе има средба со премиерот Никола Груевски, со претставници на Националниот совет за евроинтеграции, како и со невладини организации.

Еврокомесарот по посетата на Македонија заминува во Босна и Херцеговина.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top