Надеж дека до крајот на чешкото претседавање со ЕУ, во јуни, ќе биде предложено укинување на визите за Балканот, изрази синоќа еврокомесарот за проширување Оли Рен.
Надеж дека до крајот на чешкото претседавање со ЕУ, во јуни, ќе биде предложено укинување на визите за Балканот, изрази синоќа еврокомесарот за проширување Оли Рен.
Тој во расправата во Европскиот парламент (ЕП) „Консолидирање на стабилноста и просперитетот на западен Балкан“ наведе дека тоа отвора можност до крајот на годинава Советот на ЕУ да донесе одлука за укинување на визите за земјите кои ги исполнуваат условите.
Во врска со проширување на ЕУ, Рен повика на консолидирање на Унијата, истакнувајќи дека клучот за таквиот обновен консензус не е поставувањето нови услови, туку почитување на постојните.
„Со други зборови, ако земјите од западен Балкан ги исполнат поставените услови можат да остварат напредок“, изјави Рен.
Расправата во ЕП беше водена врз основа на извештајот за западен Балкан, што го поднесе шведската европарламентарка Ана Ибрисагиќ.
Во извештајот е нагласено дека Европската комисија и членките на Европската унија (ЕУ) мораат да ја задржат цврстата определеност за идните проширувања на Унијата кон западен Балкан.
Процесот на пристапување не смее да биде закочен или блокиран за земјите кои ги исполниле претходно поставените услови, се наведува во извештајот на Ибрисагиќ.
Во него се истакнува дека прашањата поврзани со билатерални спорови не смеат да го кочат отпочнувањето или самиот тек на преговори за членство на земјите од западен Балкан во ЕУ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град