Финската Влада денеска соопшти дека го номинира Оли Рен за нов мандат како претставник на земјата во следниот состав на Европската комисија, пренесоа американските медиуми.
Рен е европски комисар за проширување од 2004 година .Тој ја зазема функцијата во момент кога јавната поддршка во Унијата за прием на нови земји членки се намалува, забележуваат медиумите.
Финската Влада денеска јасно порача дека сака Рен да добие позиција со поголема тежина во новиот состав на Европската комисија, евентуално за економија или за надворешни односи.
Жозе Мануел Баросо, кој беше реизбран за претседател на ЕК, ќе ги подели комесарските функции по номинациите од сите 27 кандидати – по еден од секоја земја членка.
Новиот состав на Комисијата ќе стапи на должност на 1 јануари 2010 година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град