Околу 225 милиони деца во светот се сексуално злоупотребувани

Околу 150 милиони девојчиња и речиси 73 милиони момчиња на возраст под 18 години се жртви на сексуална злоупотреба во светот, се наведува во извештајот на Светскиот фонд на ОН за децата (УНИЦЕФ), претставен во Берлин.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Околу 150 милиони девојчиња и речиси 73 милиони момчиња на возраст под 18 години се жртви на сексуална злоупотреба во светот, се наведува во извештајот на Светскиот фонд на ОН за децата (УНИЦЕФ), претставен во Берлин.

decaВо извештајот се истакнува дека стотици илјади деца во светот секојдневно се продавани во странство поради сексуално злоставување.
На Филипините, на пример, меѓу 60.000 и 100.000 деца се жртви на трговијата со бело робје, а во Бангладеш просечната возраст на жртвите на сексуалната злоупотреба е 13 години.

Во кениските летувалишта проституираат околу 15.000 деца, се додава во документот.
Извештајот беше претставен од британскиот глумец Роџер Мур, кој изјави дека и покрај напредокот во областа на законите за заштита на децата, во голем број земји тие не се применуваат правилно.

– Секоја година милиони девојчиња и момчиња се принудени да ги продаваат своите тела или да смимаат порнографски спотови, истакна Мур.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top