Одлични резултати на охридските стрелци

Вчера на реконструираното стрелиште во Битола се одржа Вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма на кое учество зедоа околу 40-тина стрелци во дисциплините возд. пушка и пиштол.

 |  Голабовски Крсте  | 
strelci
стрелци

Вчера на реконструираното стрелиште во Битола се одржа Вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма на кое учество зедоа околу 40-тина стрелци во дисциплините возд. пушка и пиштол.

strelackaКај сениорите најдобар беше Михаил Шишкоски со резултат од 589,2 кругови, додека пак Горан Здравески се пласира на втората позиција со резултат од 576,3 круга.

Кај јуниорите најдобар беше Гоџоски Мартин и заслужено прво место со резултат од 564,2 кругови или во севкупен пласман мажи-петта позиција. Останатите членови на СК ,,Охрид,, Васко Попоски, Антонио Попоски и Јован Матески се пласираа на 4-тата, 6-тата и 7-та позиција во конкуренција на јуниори.

Кај јуниорките на третата позиција беше Гоџоска Верица со резултат од 379,9 кругови или четвртопласирана во севкупен пласман жени, додека пак Ангела Алексовска во конкуренција на јуниорки се пласира на 4-тата позиција со само 0,7 кругови помалку од минималната олимписка норма, која пак перспективната Ангела ја оствари на Првиот Куп што се одржа пред еден месец во Скопје.

strelciИ најмладата јуниорка на СК ,,Охрид,, Јана Маркоска полека но сигурно чекори кон врвот.

Со резултат од 373 кругови таа се пласира на 6-тата позиција во јуниорска конкуренција, подобрувајќи го својот најдобар резултат за 18 кругови.Нашиот најдобар стрелец, Нина Балабан не настапи на овај Куп, бидејќи таа замина за Кина, каде ќе учествува на семинари кои се подкотовка за Младинската Олимпијада во Нанџинг, каде Нина ќе ја претставува нашата држава како млад амбасадор, избрана од Интернационалниот Олимписки комитет.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top