Од 17 ноември во Европската унија ќе мора да се продаваат само цигари кои сами се гаснат кога ќе бидат оставени по страна. Се смета дека со оваа мерка ќе се спасуваат по околу 500 животи годишно.
Според податоците на Европската комисија, од 2003 до 2008 година, со цигари во ЕУ се поврзани повеќе од 30 илјади пожари со повеќе од илјада загинати и 4 илјади повредени.
Искуствата од Финска, каде веќе се продаваат исклучиво цигари кои сами се гаснат, говорат дека бројот на пожари е намален за 43 отсто.
Новиот стандард пропишува да се продаваат само цигари кои имаат намален потенцијал за предизвикување на пожари кога ќе се остават запалени. За да се постигне ова, производителите го сменија начинот на изработка на хартијата во која на две места има здебелени прстени од хартија. Кога цигарата ќе се остави и кога тутунот ќе ситгне до прстенот, тој сам се гасне зашто прстенот го ограничува дотокот на кислород. Со тоа се намалува времето на согорувањето и опасноста од палење на намештајот, постелнината или друг материјал.
Цената на оваа мерка за производителите на цигари се смета дека ќе биде минимална, а и онака во цената на цигарите помал дел се производните трошоци за сметка на даноците и акцизите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град