Американскиот министер за правда Ерик Холдер призна дека ќе биде тешко затворот во Гвантанамо на Куба да биде затворен во јануари идната година, како што вети Владата на претседателот Барак Обама.
Американскиот министер за правда Ерик Холдер призна дека ќе биде тешко затворот во Гвантанамо на Куба да биде затворен во јануари идната година, како што вети Владата на претседателот Барак Обама.
Ќе биде тешко да го испочитуваме определениот рок 22 јануари, рече Холдер во Вашингтон. – Сметам оти најпосле затворот во Гвантанамо ќе биде затворен, додаде министерот.
Тој не разјасни какви се пречките за затворање на затворот, во кој што досега се затворени 223 лица. Од нив околу 80 можат да бидат ослободени, а 60 подлежат на судска истрага.
Влијателната Асоциација за заштита на граѓанските слободи изрази силна загриженост од изјавата на Холдер и посочи дека затворот е симбол на беззаконие и бруталност.
– Во демократија нема место за затворски систем, во кој е можно да се држат луѓе бескрајно долго, без обвиненија и судски процес, се вели во коминике на организацијата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град