Обединети болештини

Епидемијата на колера во Хаити која до сега зеде околу 2.000 животи, на островот ја донеле трупите на Обединетите нации, открива официјален извештај на угледни француски доктори.

 |  Маја Савиќ  | 
kolera na Haiti
колера на Хаити

Епидемијата на колера во Хаити која до сега зеде околу 2.000 животи, на островот ја донеле трупите на Обединетите нации, открива официјален извештај на угледни француски доктори.
kolera na Haiti
Непалските единици на ОН, сместени во централниот дел на карипскиот остров, се извор на смртоносната болест, убеден е Ренод Пјаро, еден од најдобрите специјалисти во светот за проучување на колера.

Додека мисијата за стабилизација на ОН на Хаити упорно демантира дека нивните војници се одговорни за болеста, француското министерство за надворешни работи веќе го достави извештајот до седиштето на Меѓународната организација во Њујорк.

Според тимот на Пјаро, не постои сомнеж дека контингентот од Непал, земја каде во моментов има епидемија на колера, ги заразиле Хаиќаните преку отпадната вода од нивниот камп, која локалните жители ја користат како индустриска.

Во земјата каде јануарскиот земјотрес уби повеќе од 200.000 лица, до сега се регистрирани над 90.000 случаи на колера.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top