Американскиот претседател Барак Обама испратил тајно писмо до рускиот претседател во кое вели дека ќе отстапи од распоредувањето на новиот систем за ПРО во Источна Европа, ако Москва помогне да биде запрен Иран во намерите да изработи оружје со голем дострел, објави Њујорк Тајмс.

Весникот цитира анонимни извори кои велат дека писмото било предадено лично од американски претсатвници пред три недели во Москва. Во него се додава дека САД нема да имаат потреба за остварување на тој план предложен од администрацијата на Буш, ако Иран прекине со напорите за нуклеарни боеви глави и балистички ракети.
Во писмото не се предлага директна размена, туку само се вели дека заканата треба да биде анулирана.
Воените, дипломатските и трговски верски на Русија со техеран и даваат извесно влијание таму, но Москва често се спротиставува на тврдата американска позиција спрема Иран. Москва се уште не одговорила на писмото, но се чекаат и резултати од средбата на Лавров со Клинтон в петок во Женева. Обама и Медведев ќе имаат средба на 2 април во Лондон.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град