Американското министерство за правда објави четири документи кои биле испратени до администрацијата во времето на поранешниот претседател Џорџ Буш, со совети до истражителите за тоа какви методи се законски прифатливи при разговорите со осомничените за тероризам.

Меѓу нив биле методите за влевање страв од потонување во вода, ставање во окови и навлекување качулка.
Советите сугерирале дека истражителите можат да нанесат болка до извесен степен, но не премногу силна болка.
Претседателот Барак Обама изјави дека е малку веројатно претставниците на ЦИА кои користеле такви тактики да се соочат со кривични обвиненија, затоа што нивните постапки биле во согласност со правните совети во тоа време.
Обама додаде дека сега е време за размислување а не за одмазда.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град