Обама ја губи довербата на својот народ

Околу 51 отсто од Американците ја откажуваат поддршката за политиките што ги спроведува претседателот Барак Обама, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мнение спроведено од телевизиската мрежа NBC News и организацијата Wall Street Journal Survey.

 |  Голабовски Крсте  | 
Barak Obama
Барак Обама

Околу 51 отсто од Американците ја откажуваат поддршката за политиките што ги спроведува претседателот Барак Обама, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мнение спроведено од телевизиската мрежа NBC News и организацијата Wall Street Journal Survey.

Barak ObamaНаспроти тоа, во истата анкета политиката на претседателот Обама ја одобруваат 42 отсто од испитаниците, што претставува едно од најниските нивоа на поддршка во неговите два претседателски мандата. Во претходната анкета, спроведена на почетокот од октомври, незадоволни од политиките на челникот на САД беа 48 отсто од испитаниците, додека позитивно се искажаа 47 проценти.

Испитаниците, притоа, не можеле да издвојат некоја конкретна причина којашто негативно влијае на рејтингот на претседателот. Тие забележале дека врз рејтингот на претседателот Обама влијаат информациите како аферите за масивното шпионирање од страна на Агенцијата за национална безбедност (NSA), дебатите за хемиското оружје во Сирија, буџетската криза и проблемите во функционирањето на сајтот на системот за здравствено осигурување.

Покрај претседателот, од популарноста загубила и неговата Демократска партија чијашто работа како „крајно негативна” ја оцениле 20 отсто од испитаниците, што е за процента помалку отколку во претходната анкета. Позициите ги губат и републиканците чиишто активности како „многу негативни” ги оценуваат 320 отсто од Американците, во споредба со 29 отсто од претходното истражување на јавното мнение од почетокот на октомври.

Анкетата била спроведена телефонски во периодот до 25-ти до 28-ми октомври врз репрезентативен примерок од 800 испитаници, со марина на грешката од 3,46 отсто.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top