Американскиот претседател Барак Обама дозволи продолжување на „тајните летови“ на Централаната разузнавачка агенција (ЦИА).
Американскиот претседател Барак Обама дозволи продолжување на „тајните летови“ на Централаната разузнавачка агенција (ЦИА) за префрлање на лица осомничени за тероризам и за терористичка активност на сослушување во трети земји, каде човековите права не се доволно почитувани и каде е можна тортура за изнудување признание, пишува лондонски „Тајмс“.
Според весник, како што јави дописникот на МИА од Лондон, налогот кој е потпишан на 22 јануари е продолжување на правото што ЦИА го доби за време на претходната администрација на доскорешниот претседател Џорџ Буш и во САД и во Европа се означува како едно од најконтроверзните „оружја“ во војната против теророт.
Тоа „оружје“ и понатаму останува скрено и покрај соопштението на новиот претседател Обама дека настојува затворот во базата Гвантанамо да биде затворен во рок од една година.
„Тајмс“ објаснува дека решението за продолжување на „тајните летови“ покажува оти најавите на новиот претседател, прв пат промовирани во текот на предизборната кампања за Белата куќа, ќе се реализираат многу побавно, отколку што тоа се очекува.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град