САД планираат да ја повлечат војската од Ирак до август 2010 година – 19 месеца по стапувањето на должност на Барак Обама според претставници на американската администрација кои побарале анонимност.
САД планираат да ја повлечат војската од Ирак до август 2010 година – 19 месеца по стапувањето на должност на Барак Обама според претставници на американската администрација кои побарале анонимност.
Планот за повлекување ќе исполни едно од основните ветувања на Обама од неговата предизборна кампања, иако малку побавно од предвиденото. Обама имаше изјавено дека ќе ја повлече војската од Ирак за 16 месеци или по околу една бригада месечно по полагањето на заклетвата, на 20 јануари.
Изворите прецизираат дека очекуваат Обама да го соопшти планот оваа недела. Тие додадоа дека САД ќе остават во Ирак меѓу 30.000 и 50.000 војници, кои ќе ги советуваат и обучуваат ирачките сили за безбедност.
Во моментов во Ирак има околу 142.000 американски војници.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град