Премиерите на Албанија и на Хрватска би требало кон крајот од месецов да потпишат спогодба за изградба на заедничка нуклеарна електрана во близина на Скадар, пишуваат црногорските медиуми.
Премиерите на Албанија и на Хрватска би требало кон крајот од месецов да потпишат спогодба за изградба на заедничка нуклеарна електрана во близина на Скадар, пишуваат црногорските медиуми.
Централата, според истите извори, ќе чини околу четири милијарди евра, а нејзиниот капацитет ќе биде околу 1.500 мегавати.
Изградбата ќе ја изведува “Хрватското електростопанство“, а поголемиот дел од произведената енергија ќе се доставува во Хрватска, наведуваат гласилата.
Официјална Подгорица соопшти дека не добила понуда да учествува во проектот за изградба на атомска централа на брегот на Скадарското езеро, чиј дел припаѓа и на Црна Гора.
Црногорското Министерство за туризам и заштита на животната средина потсетува дека во Црна Гора е на сила Закон за забрана на изградба на нуклеарни објекти, донесен во 1995 година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град