Њујорк највлијателен град во светот

Њујорк е на првото место на листата на највлијателни градови во светот која годишно ја формираат компаниите од секторот на недвижнини „Најт Френк“ и Сити прајват банк.

 |  Маја Савиќ  | 
New York
Њу Јорк

Nеw YorkЊујорк е на првото место на листата на највлијателни градови во светот која годишно ја формираат компаниите од секторот на недвижнини „Најт Френк“ и Сити прајват банк

На листата се 40 градови ширум светот со оцени за нивната економска активност, политичко влијание, интелектуален капитал и квалитет на живот.

На врвот се случи рокада – Њујорк наместо Лондон. Од сите големи финансиски центри, британскиот главен град најмногу беше погоен од економската криза.

Во категоријата „политичко влијание“ на врвот на листата е Вашингтон, додека Сингапур е град со најдобар квалитет на живот.

Минатогодишните позиции ги зачуваа Париз (3 место), Токио (4 место) и Лос Анџелес (5 место).

„Напредок“ остварил Берлин кој од 13 се искачи на 8 место. Москва за една година е две места пониско на листата – 22 место.

На листата подобрени се местата на Пекинг, Сингапур и Шангај, но се уште заостануваат по квалитет на живот и интелектуално влијание.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top