Повторно одложено уште едно судење против премиерот на Италија, Силвио Берлускони. Премиерот и 11 лица се обвинети за затајување на данок и злоупотреба на авторски права преку медиумската куќа во сопственост на Берлускони Медиасет. Новото рочиште е закажано за 12 април, објавија италијанските медиуми.
Никој од обвинетите не присуствувал на закажаното рочиште по што судиите одредиле нов датум на сослушување. Адвокатот на премиерот Берлускони го оправдал својот клиент дека на закажаниот термин премиерот исто така има државнички обврски. Пемиерот во тој период ќе бил во посета на Вашингтон.
Берлускони вешто го избегнува и другиот судски процес кој е води против него за подмитување на британскиот адвокат Дејвид Милс.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град