Нови демонстрации во Атина

Околу 30 момчиња се судрија со полицијата во центарот на Атина, откако претходно протестираа пред парламентот, и предизвикаа штети на автомобили и продавници, соопштија грчките медиуми.

 |  Крсте Голабовски  | 
sudiri
судири

Околу 30 момчиња се судрија со полицијата во центарот на Атина, откако претходно протестираа пред парламентот, и предизвикаа штети на автомобили и продавници, соопштија грчките медиуми.

nemiriСтотици демонстранти се собраа на протестна прошетка кај парламентот, која тргна од квартот „Егзархија“, каде пред три месеци полицаец уби тинејеџер и отпочна бранот протести и насилиство.
Демонстрантите развиорија црвени знамиња и скандираа „државниот тероризам нема да помине“.

По протестот момчињата запалија канти за ѓубре и почнаа да фрлаат камења и „молотови“ коктели кон полицијата, причинувајќи штети на најмалку 20 автомобили и четири продавници.
Полициските единици за борба против нарушители на јавен ред и мир со солзавец ги растурија демонстрантите.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top