Новата закана за човештвото, повторно доаѓа од Кина

Во Хонг Kонг е потврден првиот случај на лице инфицирано со новиот тип на вирусот на птичји грип Х7Н9, изјави министерот за здравство на овој специјален административен кинески регион, Гао Јонгвен.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Во Хонг Kонг е потврден првиот случај на лице инфицирано со новиот тип на вирусот на птичји грип Х7Н9, изјави министерот за здравство на овој специјален административен кинески регион, Гао Јонгвен.

докторТој рече дека со вирусот е заразена 36-годишна Индонезијка, која работела како домашна помошничка во семејство во Хонг Конг. Се претпоставува дека таа се заразила на пазарот од соседниот град Шенжен во провинцијата Гуангдонг, во континетална Кина. Состојбата на женета е критична.

Лекарите планираат да ја стават во карантин и да ги испитаат сите лица, кои имале контакт со неа. Вкупниот број на потврдени случаи на заразени од овој вирус во Кина изнесува 140 лица, а една третина од нив починале. Овој вид на вирус на птичји грип првпат беше регистриран кај човек во март.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top