Нова криза во Фукушима?

Токиската електроенергетска компанија “Тепко“ од утрово се обидува да обезбеди електрична енергија која е потребна за ладење на искористените ураниумски цевки во нуклеарната електрана Фукушима, оштетена од земјотресот и цунамито пред две години.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Токиската електроенергетска компанија “Тепко“ од утрово се обидува да обезбеди електрична енергија која е потребна за ладење на искористените ураниумски цевки во нуклеарната електрана Фукушима, оштетена од земјотресот и цунамито пред две години.

Опремата во базените кои се користат за ладење на употребеното гориво, неопходно да спречување на било какви нуклеарни реакции, се без струја од седум часот по локално време.

reaktorИнцидентот до овој момент не го загрозило напојување со вода за ладење која се наоѓа во реакторите 1,2 и 3, во кои дошло до значајно затоплување по земјотресот и цунамито на 11-ти март 2011 година.

Температурата на сите базени со гориво останала под безбедносната граница од 65 степени, но некој загубен час се зголемува за 0,3 до 0,4 степени.

Портпаролот на “Тепко“, Кеничи Танабе рекол дека се преземаат сите мерки што поскоро да се врати струјата со оглед на тоа што во реакторот 4 температурата би можела за четири дена да достигне критични 65 степени.

“Се обидуваме до тогаш да ја вратиме струјата“, рекол Танабе и додал дека тоа би можело да се случи во другите реактори во период од 14 до 26 дена. Како што навел, нема зголемување на радијацијата во блиските мерни станици.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top