Земјотрес со магнитуда од 6,7 степени според Рихтер утринава ја потресе Јапонија и беше почувствуван во Токио, каде зградите се разнишаа, соопштија светските агенции.
Земјотрес со магнитуда од 6,7 степени според Рихтер утринава ја потресе Јапонија и беше почувствуван во Токио, каде зградите се разнишаа, соопштија светските агенции.
Засега не се соопштуваат податоци за жртви и материјални штети.
Епицентарот на потресот е на длабочина од 40 километри под дното на океанот и на 320 километри југоисточно од јапонската престолнина, во реонот на островот Хатиџе, каде во средновековието биле испраќани затворниците.
Ова е третиот силен земјотрес во последните четири дена, регистриран во оваа зона на Тихиот океан, недалеку од јапонските брегови.
Во вторникот во Јапонија еден човек загина и над 120 беа повредени, откако земјотрес со магнитуда од 6,5 степени според Рихтер ги потресе Токио и околните региони. Пред ова, во неделата, земјотрес со магнитуда од 7,6 степени според Рихтер беше регистриран во Индискиот океан.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град