Новиот тип на вирус станува резистентен на „Тамифлу“

Случаи на резистентност кон антивирусниот лек „Тамифлу“, кој се користи против новиот вирус на грипот А (Х1Н1), се регистрирани во близина на границата меѓу САД и Мексико, соопшти Американската здравствена организација.

 |  Крсте Голабовски  | 
Tamiflu
Тамифлу

Случаи на резистентност кон антивирусниот лек „Тамифлу“, кој се користи против новиот вирус на грипот А (Х1Н1), се регистрирани во близина на границата меѓу САД и Мексико, соопшти Американската здравствена организација.

Tamiflu– Утврдивме случаи на отпор кон „Тамифлу“ во близина на границата. Набљудувавме неколку случаи во Ел Пасо и во близина на Макалн во Тексас, изјави на прес-конференција Марија Тереза Серкеира, претставник на организацијата.
Таа потврди дека луѓето често ја минувале границата во двата правца и дека самоиницијативно го земале лекот, без препорака од лекар.

Минатиот месец еден случај на резистентност кон „Тамифлу“ е откриен во Канада, кој е првиот во Северна Америка. Отпор кон овој лек исто така е регистриран и во Данска, Јапонија и Хонгконг.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top