Грчката противпожарна служба испрати хеликоптери и пожарникари на островот Евија, вториот по големина остров во таа земја, додека крајбрежната стража подготвуваше чамци во случај да е неопходна евакуација на луѓето, бидејќи поради силен ветер избувна уште еден шумски пожар.
Грчката противпожарна служба денеска хеликоптери и пожарникари на островот Евија, вториот по големина остров во таа земја, додека крајбрежната стража подготвуваше чамци во случај да е неопходна евакуација на луѓето, бидејќи поради силен ветер избувна уште еден шумски пожар.
Пожарот избувна во близина на западниот брег на островот, пренесува агенцијата АП.
Пожарот го гаснеа 64 пожарникари со 26 возила, девет хеликоптери и еден авион, а наводно пожарот бил изгаснат по неколку часа.
Во претходниот пожар во северна Евија, стотици луѓе беа евакуирани по море од плажите и крајбрежните села, додека огнот се спушташе по падината кон нив.
Причините за пожарот во Грција сеуште не се официјално утврдени, но десетици луѓе се уапсени под сомнение дека го подметнале пожарот, меѓу кои и 14-годишно момче.
Макфакс
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град