Нов инцидент на авио-линијата Амстердам-Детроит

Еден патник од авионски лет Амстердам-Детроит на авионската компанија Нортвест ерлајнз, бил уапсен вчера на аеродромот во Детроит.

 |  Голабовски Крсте  | 
aerodrom
аеродром

Еден патник од авионски лет Амстердам-Детроит на авионската компанија Нортвест ерлајнз, бил уапсен вчера на аеродромот во Детроит, два дена откако на ист лет беше уапсен Нигериец поради обид за активирање експлозивна направа во авион.

avionЕкипажот на летот 353 побарал помош по слетувањето во Детроит поради проблеми со патник кој го попречувал летот, јавија американски медиуми. Патникот бил уапсен, а кај него не била пронајдена никаква експлозивна направа.
Авионот се наоѓа на оддалечена локалција на аеродромот заради дополнителни проверки.
Американскиот претседател Барак Обама по повод најновиот инцидент, го нагласи значењето на зголемените безбедносни мерки кога станува збор за авиосообраќајот, соопшти белата куќа.

Нигериецот Умар Фарук Абдулмуталаб, се обиде пред два дена во авион Ербас 330 на линија Амстердам-Детроит да активира експлозивна направа, но беше брзо совладан. Тој во авионот се обидел со специјална течност од шприц да активира експлозив пентериторл (PENT) во прав, кој го имал нанесено на ногата. Абдулмуталаб се здобил со изгореници од трет степен, а никој од 278 патници и 11 членови на екипажот на авионот не беа повредени.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top