Новиот грип стигна до најодалечените места во светот

Вирусот на новиот грип, според најновите податоци на Светската здравствена организација (СЗО), се прошири и на најодалачените места на планетата.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Вирусот на новиот грип, според најновите податоци на Светската здравствена организација (СЗО), се прошири и на најодалачените места на планетата, вклучувајќи острови оддалечени од цивилизацијата, и изгледа дека нема сигурно место на кое може од него да се заштити.

SZOСЗО соопшти дека првите случаи се потврдени и на Сејшелите, Сент Китс и Невис, Холандските Антили, во Белизе, на Тонга и Самоа во Пацификот и на Соломонските острови во Индискиот Океан.
Вирусот А (H1N1), кој претставува генетска мешавина од човечки, свински и птичји вирус, пристигна и до Бутан, високо на Хималаите, во Андора меѓу Шпанија и Франција, како и до оружените конфликти во Авганистан и во Судан.
Според податоците на СЗО, досега од новиот грип ширум светот починале 816 луѓе.
Точниот број заразени во светот не се знае, бидејќи во СЗО неодамна оценија дека водењето таква статистика е бесмислено и оти наместо тоа треба повеќе да се посвети внимание на превенција од заразата и лечење на најсериозните случаи, со цел смртниот исход да биде поредок.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top