Германската писателка со романско потекло Херта Милер, која е добитничка на Нобеловата награда за литература во 2009 година, побара од Германија посмртно да им ги одземе високите одликувања на поранешните комунистичките лидери Николаj Чаушеску и Јосип Броз Тито со Големиот крст на заслуги.
– Одземањето на одликувањата би претставувало важна репарација и јасен сигнал за начинот, на кој ќе се врачуваат во иднина овие високи признанија на германската држава, изјави Милер во интервју за германското списание „Фокус“.
Поранешните лидери на Романија и на некогашна Југославија со Големиот крст биле одликувани во ’70-те години на минатиот век.
Писателката, која емигрира во Западна Германија во 1987 година, откако властите во Романија и забранија да ги објави нејзините дела, тврди дека во 1989 година во западен Берлин е разоткриен обид за атентат врз неа. Таа додаде дека германските власти тогаш упасиле платен убиец, кој со себе носел лист на кој биле испишани нејзиното име и адресата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град