Нобеловата награда за мир би можела во иднина да биде проширена на нови полиња на дејствување како на пример, новинарството, изјави во неодамнешно интервју директорот на Норвешкиот Нобелов институт Гир Лундестад.
Нобеловата награда за мир би можела во иднина да биде проширена на нови полиња на дејствување како на пример, новинарството, изјави во неодамнешно интервју директорот на Норвешкиот Нобелов институт Гир Лундестад.
„Старите категории се уште постојат и поголем дел од наградите ќе биде доделување за тие стари категории, но постои можност во иднина дефиницијата мир да се прошири“, објасни Лундестад.
„Отсекогаш сметавме дека постојат полно патишта кои водат кон мир и секогаш се воделе дебати за тоа како треба да се толкува тестаментот на Алфред Нобел“, додаде тој.
Лундестад изјави дека петчлениот одбор се состанал во 2004 година во обид да се одредат границите на сите растегливи функции и притоа прифатил можност Нобеловата награда за мир да се додели и на некој новинар.
„Дали постои врска меѓу новинарското известување и мирот?Ние заклучивме дека постои“, потенцира тој.
„Постои огромна разлика меѓу одговорно новинарско известување кое може да придонесе за спречување судир и сензационалистичка пропаганда која јасно поттикнува на судир“, објасни Лундестад.
Тој додаде дека секоја позитивна акција не може да биде земена предвид за доделување на тоа признание и оти мора да постојат некои ограничувања.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град