Големо невреме со обилни врнежи од дожд во Хрватска предизвика голема поплава на улиците во Сплит, пренесуваат хрватските медиуми. Поплавени се многу улици во центарот на градот, како и градските патишта.

Автоматската метеоролошка станица Сплит-Спинут од полноќ бележи дури 47 литри врнежи, од кои 36 литри од 8:30 до 9:30 часот, јавува „Далмација денес“.
Хрватскиот автоклуб ХАК ги предупредува возачите дека патиштата низ Далмација се полни со вода, а на некои места патиштата се затворени поради непроодност.
Тротоарите се влажни и лизгави во поголемиот дел од земјата. Поради повремени и обилни врнежи од дожд, особено во Далмација можна е поголема количина на вода на коловозот. На места има магла, а можна е и појава на одрони, особено на Јадранската магистрала (DC8) и патиштата во планините. Ги предупредуваме возачите да не тргнуваат на пат без пропишаната зимска опрема – соопштија од ХАК.
Видео од невремето на следниот линк
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град