НЕВРЕМЕ ГИ ОПУСТОШИ БУДВА И ТИВАТ

Невремето што синоќа ја зафати Црна Гора предизвика огромни штети во автокампот „Бова“ во Шупа во Тиват, а три лица се полесно повредени.

 |   | 

Невремето што синоќа ја зафати Црна Гора предизвика огромни штети во автокампот „Бова“ во Шупа во Тиват, а три лица се полесно повредени.

Силен ветер, дожд и град што одеднаш го зафатија Тиват, корнеа дрвја од корен и кршеа гранки , пренесува Вијести. Паднатите дрвја уништија три камп приколки во Бова и оштетија автомобили. Водоводните и електричните инсталации се оштетени, па кампот остана без електрична енергија и вода.

Сопственикот на кампот Ненад Вуковиќ ја повредил раката додека се обидувал да им помогне на своите гости. За среќа, сите навреме биле евакуирани во блиската куќа на семејството Вуковиќ, па само двајца чешки туристи претрпеле полесни повреди.

Според снимките од социјалните мрежи, може да се види дека многу улици во Будва биле под вода, а имало и автомобили кои биле заглавени во водата.

Слична беше ситуацијата и на улиците во Подгорица.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top