Неславен почеток на големата офанзива, НАТО се извини за цивилните жртви

Катастрофален почеток на најголемата воена офанзива против талибанците во Авганистан од соборувањето на режимот во 2001 година: веќе на вториот ден на акцијата се убиени најмалку дванаесет цивили. Несакано, се вели.

 |  Маја Савиќ  | 
Avganistan
Avganistan

AvganistanКако што соопштија меѓународните заштитни трупи ИСАФ, две ракети испалени врз упоришта на талибанците ја промашиле својата цел и погодиле куќа. Командантот на ИСАФ, Стенли Меккристал се извини кај авганистанскиот претседател Хамид Карзаи: „Жалиме што во текот на нашите заеднички напори животот го загубија невини луѓе“, изјави американскиот генерал. Тој вети дека ќе биде преземено се‘ за да не се повторат вакви инциденти. Меккристал истовремено ја оправда офанзивата како нужен придонес кон повторно воспоставување безбедност и стабилност во јужен Авганистан.

Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи на почетокот на воената операција во саботата побара од војниците да бидат внимателни и да не ги загрозуваат цивилите. И ОН апелираа до страните во конфликтот да ги штитат цивилите.
Со досега најголемата офанзива против талибанците тие треба да бидат протерани од нивното упориште во Марџа и Над Али.
Целта на операцијатата „Муштарак“ е, не само ставање крај на владеењето на талибанците, туку и прекин на производството на опиум во покраината Хелманд. Се проценува дека на тоа подрачје се одгледува афион на површина од 123 илјади хектари, што е во самиот светски врв.

Во рамките на опeрацијата „Муштарак“ се ангажирани околу 15 илјади странски и авганистански војници. Најголемите контингенти се од САД и Велика Британија. Веќе на првиот ден на акцијата беа убиени двајца војници на ИСАФ, еден американски и еден британски, а според агенциите, кои се повикуваат на извори од НАТО, досега загинале седуммина странски војници.

Американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон и покрај тоа изјави дека САД не се откажуваат и вети долгорочна поддршка на Авганистан: „САД нема да го остават Авганистан на цедило“, изјави Клинтон вчера на американско исламскиот форум во Доха. Вашингтон и по повлекувањето на американските трупи ќе има цивилно присуство и долгорочно партнерство со Кабул. Клинтон потенцираше дека Американците немаат никаков интерес за окупација на Авганистан.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top