Нема влада – нема секс

Белгиската сенаторка Марлен Темерман предлага апстиненција од секс се додека не се состави новата влада во земјата.

 |  Маја Савиќ  | 
no sex
не за сексот

MarleenБелгиската сенаторка Марлен Темерман предлага апстиненција од секс се додека не се состави новата влада во земјата.

Нејзината идеја доби главно место на првите страници на печатените и електронските медиум и во земјата, а е прва вест и на националните вечерни телевизиски дневници.

Ваквиот аргумент, оценет како штрајк од секс, неодамна даде резултат во Кенија.

Додека преговорите за нова влада се наоѓаат во последната фаза, во која беше определен новиот посредник меѓу партиите, оваа идеја се чини го забавува аудиториумот.

Темерман прецизира дека додека работела во Кенија, таа станала сведок како сличниот предлог дал резултат на проблемот.

-Жените во еден момент одлучија да не дозволат политичката криза во оваа африканска држава да трае цела година. Тие одлучија да престанат со сексот со нивните сопрузи и се случи чудо – резултатот дојде по само една недела, посочи сенаторката.

Втора нестандардна идеја, која собира популарност во Белгија по граѓанскиот протест од јануари за составување на новата влада, е демонстрантите да пуштат бради додека не се утврди новиот министерски совет.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top