Нема лабаво за бугарските министри

Премиерот Борисов ги соопшти новите мерки за штедење.Бугарските министри, нивните заменици и шефовите на агенциите наместо со лимузини ќе се возат со градски превоз.

 |  Маја Савиќ  | 
Bojko Borisov
Бојко Борисов

Bojko BorisovБугарскиот премиер Бојко Борисов, објаснувајќи ја новите строги мерка за штедење, рече дека „изградил метро како сонце” и препорача министрите да го користат. Службените возила ќе се користат само кога ќе се патува надвор од Софија.

Борисов на шефовите на агенциите им ги укина службените автомобили, а не ја исклучи и можноста за укинување и на нивните секретарки.

Според новите мерки на штедење, првите луѓе во државата кафето за своите гости ќе го стават на сопствен трошок.

Потпретседателот на бугарската влада и министер за финансии, Симеон Џанков, смета дека државата од намалување на транспортните трошоци ќе заштети 100 милиони лева, односно 50 милиони евра.

Бугарија преку новите мерки на штедење планира да собере околу 900 милиони лева или 450 милиони евра кои ќе ги потроши во здравството, социјалата, автопатиштата и тутунот.

Најголемиот товар треба да го сносат и чиновниците кои треба да ги намалат трошоците за 20 проценти.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top