Супстанци кои се користат за лекување на шизофренија, манија и биполарно растројство по грешка се откриени во лекот против главоболка „Нурофен-плус“, кој се продава во Велика Британија без лекарски рецепт и по сампослугите.
Во соопштението на британската комисија за контрола на лековите се вели дека овие супстанци се даваат само на пациенти заболени од шизофренија, разни мании, како и за тешки депресии, но дека никако не смее да се најдат во лек за главоболка.
Погрешно направените лакови за главоболка се откриени во продавниците во Лондон и се повлекуваат од продажба. Претставник на компанијата што го произведува „Нурофен-плус“ изјави денеска дека е отворена истрага за случајот, но засега не може да се каже како се нашле недозволените супстанци во нивниот лек, кога тие ги произведува и ги нуди на пазарот друга фармацевтска компанија.
Лекарите ги предупредуваат луѓето дека доколку го користеле за главоболка погрешниот лек, ќе страдаат од поспаност, па им сугерираат да возат автомобил или да работат со некоја машина.
Лондонските медиуми откриваат дека во овој случај не станува збор за грешка, туку за диверзија на активистите за правата на животните кои „војуваат“ со компанијата што го произведува лекот со „грешка“. Активистите за заштита на животните ја осудуваат компанијата што користи животни за своите експерименти.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град